14959016_10211452555529018_975684496_o

Ладните денови поминувајте ги во сауна од која ќе добиете многу бенефити. Сауната го подобрува физичкото и психичкото здравје, прави детоксикација на сите ткива во вашето тело

Што претставува сауната?      

Сауна е фински збор кој означува мала соба или простор што може да се користи после загревање за да започне процесот на саунирање. Внатрешноста на сауната е многу добро изолирана од животната средина и е обложена со дрво од фински бор, аделува многу добро врз психата на човекот. Во сауната  постои инсталирана печка полна со вулкански камења кои загреани можат да достигнат затоплување на воздухот и до 140° C. Врз камењата се дотура вода која под дејство на топлината веднаш испарува и се создава пареа со цел да се влажни воздухот. Во водата по желба се ставаат аромати (еукалиптус, ментол и сл.) кои даваат посебен мирис на воздухот кој се диши во текот на саунирањето.

Каков е процесот за да закажете саунирање во нашиот спа центар Fitness Studio Energy?

  • Пред да се одлучиме да влеземе во сауна потребно е да сме сигурни дека сме со добра здравствена состојба.
  • Закажувате термин на контакт телефонот 048 42 35 35 или доаѓате лично во нашите простории при штого уплаќате терминот во кој сакате да бидете во сауна.
  • При закажувањето на термин потребно е клиентотда се нагласи доколку има потреба да се задржи во сауна повеќе од 1 час, бидејќи уплатата зе еден термин важи за 1 час саунирање, а воедно да се избегне поклопување на два термини.
  • Потребни се две крпи (една за во сауна и една за туширање). Доколку не сте понеле со себе ние нудиме сервис крпи.
  • При саунирање не смеете да носите било каков накит на себе.

Како треба да се однесувате во сауна?

  • Најпрво опуштете се и спремете го вашето тело за уживање.
  • Нацрпете од водата која се наоѓа во дрвениот сад и направете пареа.
  • останете во сауна најмногу 15 минути и потоа излезете и туширајте се со млака или најдобро што е можно поладна за да правите термо масажа на крвните садови и мускули.
  • Направете неколку вакви сесии и потоа направете финално туширање, облечете топла облека и напуштете ја сауната релаксирани и опуштени.

Кликнете тука…Погледнете ги цените на сите наши услуги