health-blogger-reveals-the-reality-behind-instagram-pics

Реалноста на сликите од социјалните мрежи во новата ера на ФИТНЕС ИНДУСТРИЈАТА

  • Секој фитнес инструктор се соочува со следново, а вежбачите живеат во заблуда:

Живееме во свет каде Facebook, Instagram и слични социјални мрежи го контролираат нашиот живот. Инстаграм е прогласена за најлоша социјална мрежа, која има најлош ефект на психолошката состојба на луѓето. Овој пат ќе зборуваме за фитнес и бодибилдинг индустријата.

Скоро сите наши клиенти имаат Инстаграм профил, а сигурно и Вие. Кога истата мрежа стана вистински БУМ во светот, знаевме дека ќе се соочиме со “потешкотии” односно поголеми предизвици во нашиот бизнис. Наеднаш, успешноста на тренерите и нивното знаење почна да се мери со БРОЈОТ на следбеници и со бројот на лајкови. Живееме во време каде што не е битно дали тренерот знае или не знае, туку е битно колку следбеници има на профилот.
Премногу слаби скоро анорексични девојки, почнаа да пропагираат здрав живот, живот сведен на чаеви, кокосова вода и магични храни за слабеење.

Еднаш се соочив со коментар: “Дадов Х долари за да ја купам таа програма од Австралијанката”
Кога прашав “Зошто го стори тоа, девојката воопшто не личи здраво” , одговорот беше: ”Бидејќи има многу следбеници за Инстаграм, па мислев дека ќе успеам”. Се прашувате дали успеа? – НЕ. На крајот, пак тропна на мојата врата, со само 6.300 следбеници.
Целата индустрија и успех се сведе на тоа од каков агол ќе се слика задникот, колку ќе бидеш соблечен и слично. Да не заборавиме, дека шампионката во Physique категоријата, Dana Linn Bailey, почна да го губи тронот на светските натпревари тогаш кога судиите и кажаа дека нема импланти во градите, па нема да победи доколку тоа не го стори.

Со оние кои се сретнуваме секојдневно, веруваат во фотографии, веруваат во магични трикови, вежби кои можеби се добри за бабички или неподвижни луѓе, па откако ќе видат дека не е тоа така како што изгледа, мислат дека проблемот е во тренерот?!? Или можеби не ?
Индустријата се сведе на тоа да се прави фит тело со вежбање со пилатес топка и скокање во воздух. Многу често се соочуваме со прашања: “А зошто не ја правиме вежбата каде треба да скокаме на ниска, висока и највисока платформа/скаличка? ” (кросфит вежби)
Нашиот одговор е: “Бидејќи не треба да веруваме на социјалните мрежи”. Да не се заборави дека истите, потоа патат од проблеми со колената, зглобовите, и дланките.
Вежбите кои се пропагираат на Инстаграм и Facebook изгледаат многу лесно и просто, и самите тренери/изведувачи гарантираат успех за убав задник, стомачни, големи рамења итн. Сето тоа се прави, бидејќи полесно е да се убеди клиентот дека ќе биде згоден доколку ги прави тие вежби, зошто искрено, жените не сакаат да креваат тегови. .. а истите тие кои пропагираат такви вежби, потајно, зад камерите, користат тегови за да дојдат до такво тело или пак немаат тело со кое можат да се пофалат.
Нашиот совет е:
-одберете да верувате на луѓе кои се достојни да даваат совети
– тренерот не го бирајте поради бројот на лајкови или следбеници – одберете го поради негово знаење
– не верувајте на социјални мрежи и google совети. На интернет може да се најде буквално СЕ!

Со почит,
Тимот “FitFlo

 

АПЕЛ ДО ФИТНЕС ИНСТРУКТОРИТЕ ДА ВЛИЈААТ ПСИХОЛОШКИ ВРЗ СВОИТЕ ВЕЖБАЧИ ЗА ДА НЕ ЖИВЕАТ ВО ЗАБЛУДА, ТУКУ ДА БИДАТ СВОИ ВО СВОЕТО ТЕЛО.

 

Текстот е преземен од официјалната фан страна на тимот на FitFlo на Facebook:Screenshot_3

 

Related Post
Comments

Leave a Reply