Истегнување – тајната за фитнес напредок без повреди

Стотици истражувања ја докажуваат важноста на вежбите за истегнување за развој на фитнесот.
Истегнувањето е многу важен дел од секој тренинг. Тоа е комбинација од специфични вежби за истегнување на мускулите и  ткивата, како резултат на што телото полесно се опоравува по интензивни оптоварувања, повреди и грчеви. Истегнувањето штити од повреди, дава еластичност и го релаксира телото, намалувајќи ја напнатоста и зголемувајќи ја флексибилноста, рамнотежата и координацијата. Истегнувањето за време на тренингот со тегови е важно бидејќи тренинзите за сила ги затегнуваат мускулите.

Тренингот во теретана е строго индивидуален за секој човек. Некои луѓе претпочитаат вежби за сила со висок интензитет, други – полесни активности за да ја задржат својата фигура и тон. Без разлика на која група припаѓате, препорачливо е да вклучите истегнување во следната посета на теретана.
Видовите на истегнување се: активни и пасивни

Активното истегнување го таргетира целото тело и контракцијата и истегнувањето на мускулите. Ги движи зглобовите и го зголемува протокот на крв. Основните правила за изведување на динамично истегнување се движењата да се контролираат и амплитудата постепено да се зголемува.  Се препорачува на крајот од тренингот.

Пасивно истегнување – при овој тип на истегнување се користи помош од друг вежбач со цел поголема амплитуда.

Во следните редови, ќе ви покажеме три вежби пред и после тренинг кои ќе ви помогнат да го направите вашето искуство во теретана многу поефикасно.
Вежби пред тренинг29034
Ногата се ниша напред и назад
Во стоечка положба, испружете ја едната нога напред и полека движете ја назад, свиткувајќи го коленото.
Одење на раце и нозе
Во стоечка положба, навалете го телото напред и допрете ја земјата со дланките. Почнете да ги движите рацете, имитирајќи одење, а потоа вратете се на почетната позиција.
Скокови и истегнување
Скокајте со кревање на едната рака на горе и свиткување на спротивната нога.

25871

Вежби после тренинг

Седнете на подот и свиткајте ги колената.

Фатете ги стапалата и опуштете ги нозете.
Извртување на телото
Легнете на грб и преместете ја ногата во спротивна насока. Треба да го свиткате коленото до 90 степени. За тоа време, држете го грбот што е можно поблиску до подот.

Бонус вежба! – Истегнување на крушовидниот мускул

62433
Раширете ги нозете, прекрстете ја десната нога преку другата и ставете ја на земја. Оставете ја десната рака на подот, а со левиот лакт притиснете го десното колено.
Вежбите за истегнување не наоѓаат место во фитнес активностите на огромен процент активни спортисти. Кога нешто ни е ново, се трудиме да го извлечеме максимумот од тоа, што понекогаш доведува до непријатни последици. Секогаш треба да ги избирате вашите вежби за истегнување така што ќе се трудите да немате непријатност или болка. Доколку сакате професионален совет, не двоумете се да го прашате нашиот персонал

 

Енерџи Тим !!!

logo

LAYOUT

SAMPLE COLOR

Please read our documentation file to know how to change colors as you want

BACKGROUND COLOR

BACKGROUND TEXTURE