Deadlift е една од најдобрите вежби за развој на сила, мускулна маса и целосна стабилност на телото. Но, истовремено е и една од најчесто погрешно изведуваните вежби во теретана.

❌ Најчеста грешка: Заоблен долен дел од грбот

Кога лумбалниот дел е заоблен при кревање, целиот притисок паѓа на рбетот наместо на мускулите (глутеуси, задња ложа и квадрицепс). Ова може да доведе до:

  • Болка во долниот дел од грбот

  • Намалена сила

  • Зголемен ризик од повредаhq720

✅ Како правилно?

  1. Постави го барот блиску до потколениците

  2. Вдиши длабоко и направи „brace“ (стегни го кор-от)

  3. Одржувај неутрален грб (природна линија)

  4. Туркај со нозете, не влечи со рацете

Правилната техника не само што те штити од повреди, туку ти овозможува и да креваш повеќе килограми со подобра контрола.

👉 Ако чувствуваш болка по дедлифт, прво провери ја техниката.